(Видео) Вал Килмер закрепнува успешно по ракот на грлото (видео)

 Глумецот Вал Килмер закрепнува успешно и се чувствува добро по операцијата поради рак на грлото и двегодишната битка со болеста.

– Се чувствувам одлично… Подобро отколку што звучам!, се пошегува Килмер во изјава за „Ју-ес-еј тудеј“.

Тој сега,  поради трахеотомијата, ќе може да говори со помагала. Килмер истакна дека навикнувањето на новиот начин на говор е како учење нов јазик.

– Тоа е исто како и учењето на некој друг јазик или дијалект. Мора да најдете начин за комуникација, а тоа пак, не се разликува од кој било друг актерски предизвик, но има многу поспецифичен сет на околности, додаде тој.

Наредните филмови во кои ќе се појави Килмер се „Земјиште“ (Paydirt) во којшто ќе глуми со неговата ќерка Мерцедес Килмер, натаму – „Роденденска торта“ (The Bithday Cake), како и во вториот дел од „Топ Ган“ со Том Круз.

 

Back to top button
Close