Вал : Реформите никаде во светот не се безболен процес, потребно е политичко единство за нивно завршување


Политичко единство, жар, одлучност и цврстина се потребни за завршување на потребните реформски процеси во Северна Македонија, што пак води во насока на крајната цел интегрирање на земјата во Европската Унија, порача во интервју за МИА новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал.

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ истакна дека изминатите години Северна Македонија остварила значаен напредок кон постигнување на своите национални стратешки цели. Тој со забелешка дека никаде во светот реформите не се безболен процес, не само во Северна Македонија, а политичарите се во искушение да капитализираат од ова и да постигнат поени.

-Ова исто така не е уникатно за Северна Македонија. Треба да ја прошириме перспективата, да ги погледнеме и зграпчиме можностите кои се пред нас. Нашата Мисија има богата експертиза да ги поддржи напорите на државата да создаде политики од корист за граѓаните на Северна Македонија и да ги гради капацитетите на државните институции и групите од граѓанското општество да спроведуваат такви политики. Со нетрпение очекувам да работам тесно со лидерите од целиот политички спектар со цел да се постигне политичкиот консензус потребен за нашите напори да имаат максимално позитивно влијание, нагласува Вал.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close