Ван Бастен: Де Лихт ќе научеше повеќе во Мадрид, Барса или Сити

Холандската легенда Марко ван Бастен е убеден дека неговиот сонародник Матијас де Лихт би научил повеќе во Реал Мадрид, Барселона или Манчестер Сити.

Како што е познато, дефанзивецот беше пред трансфер кај Каталонците и „граѓаните“ пред една година, но тогаш тој избра да се пресели во Јувентус, откако го освои Скудетото во својата деби-кампања во клубот.

– Мислам дека не се справи подобро од минатата сезона во Ајакс. Немаше среќа што Џорџо Киелини не беше достапен. Тој е вистински тимски играч. Леонардо Бонучи, од друга страна, си ја работи својата работа, не ја организира ирата и не му покажува на Матаис што да прави. Во меѓувреме, Киелини прави работи за другите. Мислам дека Де Лихт би научил нешто повеќе во Реал Мадрид, Барселона или Манчестер Сити. Исто така, тој би играл во поинтересен шампионат, затоа што Серија „А“ заостанува далеку од Премиер лигата и Ла Лига, изјави Ван Бастен за „Зиго Спорт“.

Back to top button
Close