Ван Дајк за поразот од Манчестер јунајтед: Примивме многу наивен втор гол

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ги искажа впечатоците по вчерашниот пораз (1:2) од Манчестер јунајтед во 8. коло на Премиер лигата.

– Мислам дека примивме многу наивен втор гол. Работевме толку напорно за да се вратиме во играта и создадовме одлични шанси за да го постигнеме победничкиот гол, но кога ќе примите втор гол како тој, тоа е најфрустрирачкото нешто. Интересно време е бидејќи мора да се држиме заедно – не само ние играчите, туку и клубот и навивачите кои сакаат да победиме, изјави Ван Дајк за „Скај Спортс“.

Ливерпул е трет на табелата во англиската Премиер лига со 15 бода, додека Манчестер јунајтед е деветти со девет бода

Back to top button
Close