Вандализам на археолошкиот и туристички локалитет во Гевгелија

Непознат сторител или сторители ноќеска ги искршиле клупите за седење и кантите за ѓубре на археолошкиот и туристичкиот локалитет „Вардарски рид“ кај Гевгелија, констатирале изутрината при редовната контрола работници на Јавното комунално претпријатие од Гевгелија.

Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков го осуди чинот и веднаш побара од надлежните органи да се преземат мерки за откривање и санкционирање на непознатиот сторител.

– Апелирам до граѓаните за високо развиена свест и одговорно однесување кон она што е изградено за наше добро. Со ваквиот чин на однесување само се нанесува штета и се врши сквернавење на локалитетот кој обележува еден период на вековно постоење на градот, а претставува и наше уредено излетничко место, рече Поцков.

Ова е втор вандалски чин по минатогодишното уредување на локалитетот „Вардарски рид“, поради што револтираните граѓани од ваквото недолично однесување, освен осудата на чинот бараат од градоначалникот не само да апелира, туку да презема и конкретни мерки за откривање на сторителите.

Back to top button
Close