Вандализам на Водно, искршени клупи за одмор на рекреативците

 

Секојдневно се соочуваме со уништување на урбана опрема од несовесни граѓани, вандализмот мора да запре, велат од Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ по денешната дојава дека на Средно Водно се искрешни маси и клупи.

Фото: Град Скопје

 

„Клупите на средно Водно кои се користат за одмор на рекреативците денес ги најдовме оштетени. Ова е многу честа појава во сите паркови и рекреативни места во околината Скопје. Екипите на терен кои секојдневно се сретнуваат со вакви оштетувања предизвикани од вандализам веќе ја санираа оштетата“,велат од ЈП „Паркови и зеленило“.

Од Град Скопје апелираа граѓаните совесно да ги користат парковските елементи при посета на парковите и  на парк-шумите, и да ја чуваат природата.

 

 „За жал, Градот Скопје и јавните претпријатија во континуитет се соочуваат со проблеми и вандалско однесување на несовесни граѓани, односно оштетување на урбаната и друг вид на опрема. Секојдневно на терен евидентираме голем број штети, во вид на запалени контејнери, оштетени садови за одлагање отпад, искршена урбана општена (клупи, инсталации и сл.), инсталации за наводнување, сообраќајни знаци…“,

велат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close