Вандализиран автобусот на Чаир 2030 во Куманово на кошаркарскиот натпревар: Ситуацијата ескалираше надвор од паркетот

Кошаркарскиот натпревар меѓу Куманово и Чаир 2030 помина со низа инциденти во салата. Навивачите на Куманово беа избркани од салата поради навредите на национална основа кон гостите од Чаир. Прекинот на мечот траече 40 минути, а за тоа време, полицијата ги бркаше најжестоките фанови на домаќините.

 

Чаирчани преку соопштение се пожалија за тоа што го доживеаа во Куманово и побараа реакција од надлежните.

„Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 вчера го одигра својот следен натпревар во рамките на Првата лига на Република Македонија против домаќинот, КК Куманово. Натпреварот се одвиваше во исклучително тензична атмосфера, при што за жал се слушнаа навреди и омаловажувања на етничка основа, што е апсолутно неприфатливо во која било сфера, а особено во спортот. Како резултат на навредите и пцовките на етничка основа, делегатот нареди веднаш празнење на салата. Покрај недостигот на соодветна организација од страна на домаќинот – вклучително и технички проблеми со семафорот и осветлувањето – ситуацијата ескалираше надвор од паркетот. По завршувањето на натпреварот, навивачи на домашниот тим се обидоа да го вандализираат автобусот на нашиот клуб, оставајќи и натписи со националистичка и навредлива содржина. КК Чаир 2030 најостро го осудува ова срамно и антидржавно однесување. Спортот треба да биде место на почит, здраво ривалство и обединување, а не омраза и вандализам. Апелираме до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и да го истражат овој инцидент, за ваквите појави да не се повторат во нашите спортски арени“, реагира Чаир 2030.

 

Back to top button
Close