Вангелов за ТВ24: Од македонската страна се бара да се прифатат бугарските корени на сопствениот идентитет и јазик

Огнен Вангелов член на Комисијата за историски и образовни прашања во 24 анализа рече дека работата на комисијата е тимска и средбите се однесуваат на точки околу учебниците по историја и за предлози на бугарската страна што треба да има во тие учебници.

„Дискусиите се ограничени на тие теми, и од тоа не се излегува. Придавката македонски се однесува само за записниците од состаноците. Досега се остварени 11 состаноци и проблемот се појавил по шестиот состанок кога колегите од Бугарија одбивале во нивната верзија да ја користат придавката македонски во врска со идентитетските одредници, повикувајќи се на Преспанскиот договор кој ја ограничува употребата придавката македонски за овие категории.“ – рече Вангелов.

Вангелов истакна дека немало воопшто дебати за потеклото на македонскиот јазик и нема зошто да има. Тие дебати се застарени и одамна постојат и се повторуваат и се објавуваат во официјални документи. Од македонската страна се бара да се прифатат бугарските корени на сопствениот идентитет и јазик што според него е неприфатлива дискусијата во тие рамки.

Back to top button
Close