Ванковска и Јакимовски се приближуваат до 10 илјади потписи, Османи, Таравари и Димитриевски си обезбедија место на трката за претседател

Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до вчеравечер до 20 часот Ванковска собрала 7 876 потписи, а до истиот овој период за Јакимовски се потпишале 6 676 граѓани

Претседателските кандидати на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска и на Граѓанската организација за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, се приближуваат до бројката од 10 илјади граѓански потписи кои им се потребни за влез во трката за претседател на државата.

Според последните ажурирани податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до вчеравечер до 20 часот Ванковска собрала 7 876 потписи, а до истиот овој период за Јакимовски се потпишале 6 676 граѓани. На кандидатката на Левица ѝ недостасуваат нешто над 2 000 потписи, а на кандидатот на ГРОМ над 3 000 за официјализирање на претседателските кандидатури.

Од останатите кандидати, Вело Марковски досега има собрано 924 потписи, а кандидатката Мерсиха Смаиловиќ добила 887 потписи. Ниту еден граѓанин не се потпишал за кандидатот Томе Николоски.

Состојба на број на собрани потписи за кандидати за претседател заклучно со 27 февруари до 20 часот

Тројца од вкупно единаесетте кандидати кои собираат граѓански потписи за претседателските кандидатури веќе успеаја и да добијат потребните 10 илјади потписи и со тоа да си обезбедат место во трката за шеф на државата чиј прв круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори

Back to top button
Close