Ванковска: Поради овие скали многу мои соседи не ставија потпис и се вратија тажни

Соседи на професорката, Билјана Ванковска, не успеале да го дадат својот потпис за нејзината кандидатура поради скалите пред просторијата, објави Ванковска.

„Овие скали вратија многу мои соседи од Карпош – стасале дотаму, но стари и болни, не можеле да ги искачат скалите и се вратиле тажни. Ние не сме свесни колку старееме како нација и колку малку грижа водиме за повозрасните и немоќните. Не само денес и за оваа работа! За секоја! Затоа бунтот на пензионерите заслужува секој респект и поддршка – тие луѓе што си го вградиле животот во оваа заедница се сега маргинализирани“, рече Ванковска.

Понатаму, таа во статус на социјалните мрежи напиша и дека добила три многу драгоцени потписи од нејзини драги соседи, кои дента и дале поддршка, откако вечерта го изгубиле својот син.

Back to top button
Close