Вардар и Пелистер играат домашни натпревари од 13.коло од ПФЛ

Во Првата фудбалска лига попладнево ќе се одиграат два натпревара. Вардар е домаќин на Тиквеш, додека во Битола кај Пелистер ќе гостува Брера. Почетокот на двата дуела е во 13 часот.

Фудбалерите на Вардар ќе бидат пред нов предизвик бидејќи потребна им е победа за да се вратат на првата позиција на табелата, додека Пелистер ќе се обиде да ја прекине серијата без победа.

На вчера одиграните дуели: Струга – Арсими 4:0 и Башкими – Работнички 2:1.

Утре (понеделник) се играат последните два дуела: Силекс – Шкупи и Шкендија – Македонија ЃП.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close