Вардар се излеа во гостиварско, сообраќајот пренасочен

Поради зголемените врнежи од дожд и топењето на снегот во повисоките предели, дојде до излевање на реката Вардар во гостиварскиот регион, по што од доцна синоќа се пренасочува сообраќајот на дел од регионалната патна мрежа.

Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), на 15 февруари од 22:45 часот, поради излевање на реката Вардар, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране е пренасочен.

Возилата се упатуваат од село Чајле кон село Старо Чајле и понатаму кон село Форино. Надлежните служби предупредуваат дека поради зголемените врнежи и топењето на снегот постои опасност од дополнително излевање на реките Вардар и Треска.

Засега нема информации за евентуални штети или повредени лица, а службите ја следат состојбата на терен.

АМСМ апелира до возачите да ја следат актуелната состојба на патиштата и да ги почитуваат насоките за пренасочување сè додека траат мерките поради излевањето

Back to top button
Close