Вардар со многу значaјни бодови на гостувањето кај Струга

Тимот на Вардар забележа многу важна победа (2:0) попладнево на гостувањето кај шампионот Струга. Со овие три бода Вардар барем до утре излезе од опасната зона на Испаѓање.

Головите за гостите од Скопје ги постигнаа Горан Закариќ Роџерс Мато во второто полувреме.

Ова беше прв натпревар од 20. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Двојките за утре се:
АП Брера – Шкупи
Беса – Гостивар
Работнички – Воска
Шкендија – Силекс
Тиквеш – Пелистер.

Сите натпревари почнуваат во 14 часот.

Табела во пресрет на утрешните натпревари: Шкендија 40 бода, Силекс 38, Гостивар 38, Работнички 37, Струга 32, Шкупи 25, Пелистер 20, АП Брера 20, Вардар 16, Тиквеш 15, Воска 15, Беса 13.

Back to top button
Close