Вардариште и денеска гори – жителите на Аеродром трет ден по ред блокираат безуспешно

Старата депонија Вардариште повторно е зафатена од пожар, ширијќи густ чад кон населбите во Скопје и претставувајќи сериозна закана за здравјето на граѓаните.

Жителите на општина Аеродром веќе три дена го блокираат пристапот до депонијата, во обид да спречат дополнителен истовар на отпад и да го насочат вниманието кон проблемот. И покрај нивните протести, институциите не преземаат мерки, па загадувањето продолжува да расте.

Граѓаните се оставени сами на себе, додека токсичниот чад се шири низ Скопје, загрозувајќи го здравјето на илјадници жители.

Граѓаните предупредуваат дека ќе останат на блокадите сè додека не се обезбеди трајно решение за Вардариште – депонија која со години претставува симбол на еколошката криза во главниот град

Back to top button
Close