Вархеји и честиташе на црногорската Влада, повика на забрзување на реформите

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го честиташе формирањето на новата Влада во Црна Гора и повика на продолжување на работата на реформите во земјата.

– Ја поздравувам посветеноста на патот кон ЕУ и со нетрпение очекувам да соработувам со премиерот Здравко Кривокапиќ, целата Влада и Парламентот за забрзување и зајакнување на реформите, напиша Вархеји на Твитер.

Тој додаде дека следната пресвртница на пристапниот пат на Црна Гора ќе бидат преодните одредници за поглавјата од областа на владеење на право

Back to top button
Close