Вархеји на Твитер: Сега е моментот за одговорни одлуки, Западен Балкан треба да е дел од ЕУ

Сега е моментот за одговорни одлуки – Западен Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија, порача утрово на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, во пресрет на одржувањето на Самитот на ЕУ – Западен Балкан денеска во Брисел.

„Европската Унија многу сериозно ги сфаќа сите бугарски грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Сега е моментот за одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од нашата Европска Унија. Заедно ќе бидеме посилни“ наведе Вархеји во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

Вархеји, меѓу другото, повика бугарскиот парламент да го исполни својот ангажман и да го стави предлогот на Северна Македонија и Албанија на агендата за одобрување, како што е предложено.

„Ги повикуваме бугарскиот Парламент и сите страни да го исполнат својот ангажман и да го стават предлогот на Северна Македонија и Албанија на агендата на Парламентот за одобрување денес како што е предложено. Опозициската ГЕРБ на Бојко Борисов веќе покажа лидерство ставајќи го предлогот на маса. Треба сите да го направат истото. ЕУ треба да оди напред“ додава еврокомесарот.

Претходно вчера, лидерот на бугарската опозициска партија ГЕРБ, Бојко Борисов оопшти дека францускиот предлог е прифатлив за неговата партија, а неговиот потег беше поздравен од еврокомесарот Вархеји.

Back to top button
Close