Вархеји: Посветеноста за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е храбар чекор кон ЕУ


Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека посветеноста на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина покажува храброст и решителност на патот кон Европската унија.
Вархеји на својот Твитер профил им честиташе на Белград и Приштина по завршувањето на вчерашниот дијалог во Охрид под покровителство на ЕУ.

Тој напиша дека „ЕУ е подготвена да ги поддржи двете страни во процесот на имплементација“.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, синоќа во Охрид, по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека двете страни постигнале договор за имплементацискиот анекс на Договорот за патот кон нормализација на односите.

„Конечно, по 12 часа, имаме договор како да го имплементираме договорот што Србија и Косово го постигнаа на 27 февруари во Брисел“, изјави Борел во Охрид.

Back to top button
Close