Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина, ѝ порача германската амбасадорка на Кацарска

Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина. Ова денеска и го порача германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во ова институција. Ова е втора официјална средба на германската амбасадорка и претседателката на Уставниот, во текот на нејзиниот мандат.

Кацарска оствари средба со германската амбасадорка во земјава Дрекслер на која било истакнато меѓусебното задоволството од досегашната соработка, како и од спроведените проекти и активности во Уставниот суд со поддршка на Германија

Амбасадорката Дрекслер изразила и лична благодарност до претседателката на Уставниот суд, Кацарска, посочочувајќи на успесите од она што е сработено, но и на резултатите кои се добиени во насока на унапредување на работењето на судот. Според неа, Германија и во иднина ќе ја продолжи соработката со цел да се унапредат слободите на граѓаните и да се обезбеди владеењето на правото.

„На крајот од вашиот мандат, се заблагодарувам за одлучната соработка. Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина“,рече Дрекслер.

Германската амасадорка и даде и поддршка на Кацарска, по последните инциденти и закани кои лично и беа упатени.

Импровизиран кревет и забоден нож пронајдени на гаражното место на претседателката на Уставен, Кацарска

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска пред две недели веднаш до нејзиното гаражно место, каде што го паркира приватното возило, пронашла импровизиран кревет и забоден кујнски нож. Таа добивала закани и на социјалните мрежи, за кои не реагирала сè до случајот во нејзината гаража.

Според соопштението од Уставниот суд, изминатите три години ја зацврстиле соработката со германската фондација ИРЗ која изработила студија за потребата од воведување на уставна жалба.

Преку други проекти поддржани од германија биле остварени и средби во Уставниот суд во Словенија и биле организирани конференции со домашни и меѓународни експерти на тема уставна жалба во Северна Македонија.

Судијката Добрила Кацарска беше избрана за нова претседателка на Уставниот суд во мај 2021 година. Таа добила шест гласа „за“ од вкупно девет уставни судии, со што било постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на Судот.

Back to top button
Close