Вашингтон: Цените на нафтата и гасот ќе паднат кога ќе се постигнат сите цели на војната во Иран
Кратко откако ќе се постигнат сите цели на заедничката израелско-американска воена интервенција против Иран, американската јавност ќе види како паѓаат цените на нафтата и гасот, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.

„Американскиот народ може да биде сигурен дека неодамнешното зголемување на цените на нафтата и гасот е привремено и дека оваа операција (израелско-американската воена интервенција против Иран) ќе резултира со пониски цени на гасот на долг рок“, рече Ливит на прес-конференција.
Таа додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот енергетски тим внимателно ги следат пазарите, разговараат со лидерите во индустријата и дека американската војска развива дополнителни опции во согласност со директивата на претседателот да го задржи Ормускиот теснец отворен.
Цените на нафтата скокнаа на повеќе од 119 долари за барел во понеделникот, достигнувајќи го највисокото ниво од јуни 2022 година, предизвикувајќи загриженост дека тоа би можело да им наштети на американските бизниси и потрошувачи пред среднорочните избори во ноември и надежите на републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот






