Вашингтон ги суспендираше дополнителните царини за шест земји

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти денеска дека ќе ги суспендира царинските казни за шест земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Шпанија и Италија, сè додека не се постигне договор во рамки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Г20 во врска со спорот околу дигиталните услуги.

Американската истрага заклучи дека е донесена конечна одлука за воведување дополнителни царини на одредени стоки со потекло од тие земји, но тие царини се суспендирани до 180 дена за да им се даде на овие земји повеќе време да ги завршат тековните мултилатерални преговори за меѓународните даноци во рамки на ОЕЦД и Г20, се наведува во соопштението на Министерството за трговија на САД.

Останатите три земји се Австрија, Индија и Турција.

Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп веќе ја суспендираше примената на тие царини, кои требаше првично да стапат во сила на 6 јануари.

Во јуни 2020 година, администрацијата на Трамп започна истрага за даноците воведени на дигиталните услуги во голем број земји во светот, вклучувајќи ги и Европската унија, Индонезија, Турција, Индија и Велика Британија.

Back to top button
Close