„Вашингтон пост“: Трамп излажал повеќе до 20.000 пати од 2017 година

–  Американски претседател Доналд Трамп за 827 дена кажал повеќе од 10.000 лаги или дал изјави што не одговараат на реалноста, Во просек, тоа се 12 изјави на ден. Но, на 9 јули, само 440 дена подоцна, шефот на државата го премина прагот на 20.000 лаги или изјави што не соодветствуваа на реалноста. Тоа значи 23 лаги на ден за повеќе од 14 месеци. Овој период се совпаѓа со процесот на импичмент, пандемијата на коронавирусот што ја уништи економијата и протестите по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Тие податоци ги објави Вашингтон пост, кој повеќепати беше обвинет од Трамп за ширење лажни вести. Весникот се повикува на на базата на податоци за проверка на факти. (https://www.washingtonpost.com/graphics/politics/trump-claims-database/?itid=lk_inline_manual_2)

За само неколку месеци, за време на пандемијата, Трамп лажел речиси 1.000 пати. Тој лажеше речиси 1.200 пати во врска со настаните околу процесот на импичмент.

Претпоставката дека Трамп ќе излаже повеќе од 20.000 пати пред крајот на првиот мандат се чинеше налудничаво кога проектот започна во текот на првите 100 дена од неговото водење на државата, забележува весникот.

Потоа, во просек, Трамп даваше помалку од пет лажни изјави на ден, што би значело околу 7.000 за целиот мандат. До 9 јули, шефот на САД изрекол 20.055 лаги за 1.267 дена.

Најповторувана лага од Трамп за време на неговото претседателствување – 360 пати – е дека „денес американската економија е најдобра во историјата“. Тој започна да се фали за тоа во јуни 2018 година и брзо стана една од неговите омилени фрази.

„Вашингтон пост“ забележува дека пред пандемијата на коронавирус, американската економија не се справи добро како за време на претседателите Двајт Ајзенхауер, Линдон Џонсон, Бил Клинтон и други.

Трамп повторил „најдобрата економија“ повеќе од 100 пати од почетокот на пандемијата.

Втората најповторувана лага на Трамп – 216 пати – е дека неговиот пограничен ѕид е изграден.

Американскиот лидер досега повтори 210 пати дека ги направи најголемите намалувања на даноците во историјата на САД – поголеми од оние на Роналд Реган во 1981 година. Но, тоа не е случај. Според Реган, даночните отстапувања учествуваа со 2,9 отсто од БДП на земјата, а за време на Трамп 0,9 отсто од БДП, што ги прави осми најголем пад на даноците за 100 години. зш/

Back to top button
Close