Вашингтон се заканува со санкции, Колумбија уверува дека се бори против шверцот на кокаин

Колумбискиот министер за одбрана Педро Санчез изјави дека неговата земја е „целосно решена“ да се бори против шверцот на дрога.

Колумбија се соочува со закана од Вашингтон дека може да биде ставена на американскиот список со санкции доколку не успее да го спречи извозот на кокаин.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба до 15 септември да одлучи дали ќе и го одземе на Колумбија статусот на „сојузник“ во борбата на САД против шверцот на наркотици.

Back to top button
Close