Васиќ-Бозаџиева и Скендер изгласани за нови уставни судии, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата

Уставниот суд доби двајца уставни судии. Правничката Татјана Васиќ-Бозаџиева и судијата Фатмир Скендер ќе заземат две од испразнетите четири места во Уставен откако денеска беа изгласани со мнозинство гласови во Собранието. Тие веднаш ги дадоа и свечените изјави со што и официјално стапија на функција.

И за Васиќ-Бозаџиева и за Скендер „за“ гласаа 65 пратеници, а еден беше „против“. Пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак, ја напуштија пленарната сала пред гласањето бидејќи, како што рекоа, не сакаат да го легитимираат кршењето на процедурите при изборот на уставни судии.

„Жалам што помагате да се урниса правниот поредок и довербата во правниот поредок во државата. Жалам што не можевте да излезете од партиските стеги и на дел од Уставниот суд му залепивте етикета ’партизирана институција‘. Ваквиот Уставен суд, ваквите процедури нема да ги гласаме и нема да присуствуваме и тоа е причина поради која ќе го напуштиме денешното гласање и сите оние гласања на кои не сакаме да ви дадеме легитимитет. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да присуствуваат на давање на легитимност на нешто што успеавте да го направивте на начин што е недостоен за работата на Собранието“ рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, по што со неговите колеги излезе од салата.

Повеќе

Back to top button
Close