Васил Хаџиманов: Кога ќе помине грозната пандемија татко ми ќе го испратиме со песна и насмевка

Музичката легенда Зафир Хаџиманов почина на 28 март оваа година како последица од вирусот Ковид 19.

Неговиот син на социјалните мрежи соопшти дека тој ќе биде погребан на 7 април на Новите гробишта во Белград.

Неговата урна ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани.

„Испраќањето на мојот татко Зафир ќе се изврши на 7 април на Новите гробишта, во кругот на најблиското семејество и пријатели. Урната ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани. Кога ќе помине оваа грозна пандемија, ќе направиме испраќање, какво што доликува и какво што Зафир заслужи. Ќе го испратиме со песна и насмевка. Токму така како што тој би сакал и како што живееше целиот свој живот. Ви благодарам од се срце на многубројните пораки на поддршка и разбирање“, напиша Васил на Фејсбук.

Back to top button
Close