Василев: С Македонија е измислена причина за повлекувањето на „Има таков народ“ од бугарската Влада

Според Василев, Трифонов се однесувал како „сопственик на партијата“, па според него, тоа ја довело и партијата до самоуништување, „а неговите неодамнешни постапки довеле и до бришење на Бугарија“

Бугарскиот министер за спорт во оставка, Радостин Василев, од партијата „Има таков народ“, денеска на прес-конференција соопшти дека групата од седум пратеници од партијата ќе ја напушти партијата.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Василев, изјави дека Бугарија е поважна од задкулисните интереси на група луѓе со кои веројатно владее нивниот лидер Слави Трифонов. Тој нагласи дека мафијата се пробива во „Има таков народ“.

Според Василев, Трифонов се однесувал како „сопственик на партијата“, па според него, тоа ја довело и партијата до самоуништување, „а неговите неодамнешни постапки довеле и до бришење на Бугарија“.

„Одлуката на Трифонов за повлекување на министрите од Владата и од владејачката коалиција во Бугарија не е координирана со никого“,

коментира Василев.
Според Василев, Трифонов никогаш не го интересирало мислењето на гласачите, на неговите пратеници, и тој нив не ги ни знае освен петмина од нив.

„ИТН е бизнис проект, а не парламентарен проект. За да украде некои средства од некои фирми, Трифонов повлече министри. Северна Македонија е измислена причина искористена за овој повод“, категоричен е министерот во оставка Василев.

Back to top button
Close