Васко Тодоров од „К-15“ со поддршка за Стево Пендаровски за втор претседателски мандат

Васко Тодоров познат како Тошо Малерот од триото на легендарното хумористично телевизиско шоу „К-15“ денеска со кратко видео на фејсбук-страницата „Претседател за сите нас – Стево“ дава поддршка за кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски за втор мандат.

„’К-15’ е најоригиналниот концепт и најгледаната емисија во телевизиската историја на Македонија, тоа е факт. А, Стево Пендаровски е единствениот човек којшто се сетил да ни даде официјално државно признание за ’К-15’, и тоа исто е факт“,вели Тодоров во видеото.

На фејсбук-страницата „Претседател за сите нас – Стево“ има објави со поддршка од повеќе личности.

Вчера, со видео со поддршка за Стево Пендаровски излезе и архитектот, политиколог и граѓански активист Тони Поповски, за кој вели дека е умерен политичар кој обезбедува смирувачко присуство во политичкиот простор и има капацитет да посредува помеѓу лутите партиски ривали.

Од раководството на СДСМ, вчера, објавија дека одлучиле да ја поддржат кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Извор од партијата вели дека оваа одлука деновиве ќе се најде и пред членовите на Извршниот и Централниот одбор. Оттаму рекоа дека веќе е планирано наредните денови да се одржат средби со коалициските партнери, а на 3 март ќе се случи и официјалната промотивна конвенција

Back to top button
Close