Ваташанец и неговите две кучиња по 4 дена завеани во викендица тргнаа кон дома. Спасувачите екипи успеаа да стасаат до нив

Специјалните екипи на Зимската служба за одржување на улици и патишта на Општина Кавадарци, по осум часа пробивање низ снежните наноси, пристигнаа до кавадарчанецот кој четири дена беше заглавен во својата викендичка.

Локацијата се наоѓала на доста непристапен терен, на околу 45 километри од градот, а до таму се стигало по земјен пат кој бил со снежна покривка од над 50 сантиметри, и со паднати гранки и дрва, кои екипата со помош на моторна пила ги отстранувала.

-Нашите луѓе стигнаа до лицето на кое му беше потребна помош. Тој и неговите две кучиња се земени, сега тргнаа кон градот. Поради лошите услови и наносите од снег, им беа потребни цели осум часа да дојат до него.

Испратив и специјален трактор кој е во моја сопственост, бидејќи местото е непристапно, се стига по земјен пат, но екипата ги совлада препреките, па нашиот сограѓанин со неговите миленици е на пат кон дома – за „Фокус“ изјави градоначалникот Митко Јанчев.

Повеќе

Back to top button
Close