Вавринка е јунак на денот на Австралија опен

Шампионот на Австралија опен од 2014 година Стан Вавринка од Швајцарија е најпријатното изненадување во второто коло на овој Гренд слем турнир. 40-годишниот Швајцарец покажа дека уште игра на високо ниво, иако на турнирот настапува со вајлд карта.

Трикратниот Гренд слем шампион во денешниот меч по 4,5 часа игра со неколку пресврти го совлада Французинот Артур Геа со 3:2 во сетови, иако противникот водеше со 2:1 во сетови. Во решавачкиот сет Вавринка го доби тајбрејкот со 10:3 на поени.

–  Добро се забавував, не сум веќе млад и потребна ми беше таа енергија, изјави Вавринка

Во шега по мечот Вавринка изјави дека смета дека едно пиво ќе му биде добредојдено. Во следното коло (трето) Швајцарецот ќе игра против Американецот Тејлор Фриц.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close