Важна информација за Македонците во Русија вратете се дома што поскоро!

Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Македонија, за затварање на европскиот воздушен простор за Руските авиопревозници, апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сè уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија, се вели во соопштението испратено од Министерството за надворешни работи(МНР) на Република Македонија.

„Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата. Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби“, се додава во соопштението.

За поддршка на државјаните на  Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви и контакти на македонската амбасада:

Back to top button
Close