Вчера попладне регистрирани над 10.000 молњи во северна и централна Грција

Силни врнежи од дожд што предизвикаа и проблеми и над 10.000 молњи беа регистрирани вчера попладне во северниот и централниот дел на Грција, според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголема количина дожд беше измерена во регионот на Кукуш (Килкис), каде наврнале дури 94,8 милиметри дожд.

Паралелно, освен обилните врнежи, била регистрирана и силна електрична активност и до 18:40 часот биле евидентирани околу 10.000 електрични празнења, од кои 8.900 биле на копно, а останатите во море.

Невремето што траеше кусо, но беше интензивно предизвика проблеми во Солун, а во областа Тесалија, силниот дожд и градот нанесоа штета и на земјоделските посеви.

Back to top button
Close