Вчера ,,прегорел” системот за итни повици 112, имало рекордни 4199 јавувања

Од Центарот со управување со кризи информираат дека во текот на вчерашниот ден биле примени рекорден број повици на бројот 112.

-Овој извештај покажува дека на 9 јули 2025 година (среда), системот за итни повици E-112 забележал 4199 повици, што е најголем број евидентиран досега за еден ден.

Овие се повици каде што биле активирани институции за интервенција:

Полиција 286 повици, 40,23%
Итна мединицска помош 72 повици, 10,13%
Противпожарна 297 повици, 41,77%
ЦУК 54 повици, 7,59%
МСМ 2 повика, 0,28%, информираа од ЦУК.

Back to top button
Close