Вчера се вакцинирале 10 556 граѓани – прва доза примиле 1 455

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирани 10 556 граѓани, од кои 1 455 примиле прва доза, додека останатите се ревакцинирале, соопшти Министерството за здравство.

Со овие бројки, вкупниот број на вакцинирани се искачи на 250 813 лица, од кои 159 898 примиле и втора доза.

„Со последните бројки, 48% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 42% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, соопштија од Министерството за здравство.

Интерес за вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk, според последните податоци, покажале 444 989 граѓани.

Back to top button
Close