ВД градоначалникот на Кочани за РСЕ- Пратеникот на половина од загинатите им бил професор а нигде го нема на протестите. Папазов сабајлето држел брифинг попладнето на фб „поднесе“ оставка. Судењето будно ке го следиме

 

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски вели дека наместо да се подобрува состојбата во градот се влошува, создадена е институционална криза. За судскиот процес за трегедијата во која загинаа 62 лица, а 250 се повредени вели дека будно ќе го следат и нема да дозволат „да се тргува со жртвите“.

 

РСЕ- Ќе почне и судски процес кој што ќе биде голем. Еве ова го велите, поднесовте кривична пријава. Колку верувате во правдата дека може да биде задоволена?

Венко Крстевски -Па најпрвин јас сметам дека целиот тој процес мора да биде многу побрз. Значи, еве кога зборуваме нели за бирократија, кај нас се мисли по таа гломозност и лавиринти. Искрен да бидам, минатото ни покажува дека судовите не функционираат баш како што треба, туку функционираат наклонето кон одредени страни од политичко влијание. Меѓутоа, јавноста во Кочани будно ќе го следи овој процес и нема да дозволиме да се тргува со жртвите.

Ќе беше ли позадоволена правдата доколку актуелни функционери беа гонети и гледаме дека родителите на жртвите често го бараат ова од судските власти, додека пак во обвинението па и немаше – некои беа изоставени, дел од овие лица.

Па гледаме дека има дел од актуелни функционери кои што се гонети. Тоа го оставам на судските органи, меѓутоа мене нешто што ме иритира е моралната одговорност. Ние не видовме морална одговорност од никој. Па зар некој не треба да каже: сам си поднесувам оставка од морални причини. Еве, претходниот градоначалник на општина Кочани, господинот Љупчо Папазов, овде кај вас во емисија ви кажува: тој немаше ни храброст да излезе да си поднесе оставка, туку со статус го направи, и тоа и прашање е колкаво влијание има неговата желба да си поднесе оставка, бидејќи информациите кои што ги имам јас, на денот кој што тој си поднесува оставка, сабајлето во понеделник имал брифинг со вработените во општината и ништо не им најавил. Значи, тој ја поднесува оставката подоцна. Нешто претпоставувам се има случено во меѓувреме. На Фејсбук напиша оставка.

Според вас, кој би требало да сноси барем морална одговорност?

Па нормално, се разбира дека највисоките политички кругови. Еве во оваа ситуација конкретно – министерот за внатрешни работи. Јас не велам дека негова е одговорноста за правно формално, меѓутоа тој и те како има одговорност, како една година министер, најмалку од се да биде позитивен политички пример дека мора некогаш да почне да се сноси морална одговорност

Трагедијата во Кочани – рефлексија на руинираниот систем

Но и премиерот речиси не се има појавено во Кочани. Мислите ли дека се плашат да дојдат во Кочани да разговараат лице во лице со луѓето?

Тоа не знам како да го дефинирам, меѓутоа јас сум разочаран што се уште, посебно премиерот, нема дојдено во Кочани и во неколку наврати го повикав лично, вратата во општина Кочани за него е отворена, бидејќи тој е премиер на сите граѓани на оваа држава и само со помош на централната власт ние можеме да го издигнеме Кочани во следниот период и таа помош е неминовна и тие имаат должност спрема нашиот град за да помогнат. Така. Исто и пратеникот – не видовме дека има некакви комуникации со жртвите.

Пратеникот овде може да се согласи, целата кочанска јавност е срам за градот. Најпрвин, тоа што не се појавил на ниту еден од маршовите досега, а е бил професор на повеќе од половина од тие деца кои што починале. Срам да му е, нема помрднато ни со прст, се труди со популистички цели за 2 милиона денари за споменик, а не гласа и не дава поддршка за материјално обештетување на родителите на починатите деца и исто така не направи ништо посебно за градот во последниот период. Еве зошто не го артикулира прашањето и за градинката. Каде е тој да реагира во собрание зошто не се отвара градинка повеќе?

Целото интервју со вд градоначалникот Венко Крстевски за  Радио Слободна Европа  ТУКА 

Back to top button
Close