„Вдоми Љубов“ – фестивал посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво

Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Вдоми Љубов” Фест, посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво.

Како што најавија организаторите од ЈП „Лајка“, фестивалот има за цел да го привлече вниманието кон важноста на вдомувањето, наместо купување миленичиња, и да ја приближи работата на ова претпријатие до пошироката јавност.

Во рамки на програмата се предвидени две интерактивни игри со кучиња и нивните сопственици, модна ревија со кучињата на Лајка, стилизирани од дизајнерката Ирина Тошева, а сошиени од жените од КПУ Идризово, штанд за ветеринарни совети, како и совети од професионален дресер.

Back to top button
Close