Вдовицата на Чарли Кирк: Му простувам на убиецот

Во емоционално обраќање на јавна комеморација во Глендејл, Аризона, вдовицата на десничарскиот активист Чарли Кирк рече дека му простила на човекот обвинет за убиство на нејзиниот сопруг.

„Мојот сопруг сакаше да спаси млади мажи, исто како оној што му го одзеде животот“, изјави Ерика Кирк пред преполниот стадион.

„Тој човек, тој млад човек – му простувам. Му простувам затоа што Христос го направи тоа и затоа што Чарли би го направил тоа“ рече таа.

Потоа публиката на стадионот стана на нозе и аплаудираше.

Обвинителите го обвинија 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк на Универзитетот Јута Вали (UVU) на 10 септември.

Робинсон, кој потекнува од Јута, може да се соочи со смртна казна ако биде осуден.

Властите рекоа дека Робинсон му испратил порака на својот партнер по пукањето велејќи дека е презаситен од „омразата“ на Кирк.

Во интервју за Њујорк Тајмс објавено во неделата, Ерика Кирк рече дека била прашана дали сака обвинетиот да добие смртна казна.

„Ќе бидам искрена. Му кажав на нашиот адвокат дека сакам владата да одлучи за ова. Не сакам крвта на тој човек да ми биде на совеста“, рече Ерика Кирк.

„Значи, кога ќе одам во рајот и Исус ќе ми рече: „Око за око? Така ли работиме?“ И поради тоа, нема да бидам во рајот, нема да бидам со Чарли?“, додаде таа

Back to top button
Close