Веќе се продадени 4.500 билети за спектаклот со македонските ракометни легенди

На трети јануари во салата Борис Трајковски ќе се одржи ракометен спектакл посветен на македонските ракометни легенди кои се пензионираа изминатиов период, а предводени од Кирил Лазаров.

 

На денешната прес конференција претседателот на РФМ, Живко Мукаетов откри дека веќе се продадени 4.500 билети, а останати се уште 1.500.

Јас влегувам во десетата година од мојот мандат. Овие играчи тогаш беа во зенитот на своите кариери. Настанот е за да им се заблагодариме на сите кои со години ги бранеа националните бои. Сакам да ги поканам сите кои можат да дојдат и сакам да им се заблагодарам и на уметниците кои ќе не пратат. Целта е да собереме над милиони денари кои ќе ги донираме на СОС детското село, рече Мукаетов.

Дел од составот на легендите ќе биде и Стојанче Стоилов.

-Сакам да изразам благодарност што сум денеска тука. Настанот е одлична можност да се даде почит на оние што со години даваа се за репрезентацијата, а исто така и на актуелните репрезентативци, рече Стоилов.

Ракометните легенди за противник ќе ја имаат актуелната македонска репрезентација која во јануари ќе учествува на Светското првенство.

Back to top button
Close