Вебер со осуда за забраната за влез на Ковачев во С. Македонија
„Категорично го осудуваме одбивањето на европратеникот Андреј Ковачев да влезе во Северна Македонија на 6 мај. Ова е без преседан и неприфатливо“, напиша лидерот на ЕПП Манфред Вебер на Твитер.
„Ја повикуваме владата на Северна Македонија итно да ја разјасни ситуацијата и ова прашање ќе го поставиме на пленарна седница попладнево“, рече тој.
Потсетуваме, европратеникот Андреј Ковачев, претседателот на фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски и уште тројца бугарски државјани на 6 мај не беа примени во земјава, бидејќи не ги исполниле условите запишани во Законот за странци во земја.