Вебинар „Регулирање на мајчинското и татковското отсуство – влијание врз трошоците и промена на родовите вредности “

Мрежата за родово-одговорно буџетирање (МРОБ) денеска организира вебинар насловен „Регулирање на мајчинското и татковското отсуство – влијание врз трошоците и промена на родовите вредности“. Вебинарот ќе се одржи онлајн преку платформата Zoom во 13 часот.

Како што информираат од МРОБ, целите на вебинарот се: подигнување на свеста за Директивата на ЕУ за рамнотежа помеѓу работата и животот на родителите и старателите и статусот за нејзиното спроведување во Западен Балкан и Молдавија; расправа околу трошоците и придобивките, вклучително и промената на родовите вредности кои можат да произлезат од усогласувањето на домашното законодавство со директивата на ЕУ.

– Од 2-ри август 2022 година, земјите на ЕУ започнаа со примена на Директивата (ЕУ) 2019/1158 за рамнотежа помеѓу работата и животот на родителите и старателите, која предвидува одредби за мајчинското, татковството и отсуството на старателите. Од друга страна, во дел од земјите од Западен Балкан и Молдавија, сè уште се дебатира за потребните реформири за усогласување на домашните закони за работни односи со законодавство на ЕУ, посочуваат од МРОБ.

Вебинарот се организира во синергија помеѓу двата проекта – „Зајакнување на транспарентноста и одговорноста за родова еднаквост во Западен Балкан и Молдавија“, поддржан од Австриската агенција за развој и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската унија.

Back to top button
Close