Вечерва алармантна загаденост во неколку градови во државата
Вечерва, во неколку градови во државата е измерена алармантна загаденост на воздухот, односно во Кавадарци, во Струмица, во Охрид 205, како и во Гостивар.
Ситуацијата е алармантна и во Скопје, каде што најмногу загаденост покажува станицата во Лисиче, 218 ПМ10 честички, додека станицата кај Ректоратот покажува 191.
Претходно во текот на денот, директорот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилијано Паолучи изјави дека граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на токсични честички во споредба со луѓето кои живеат во Западна Европа.
Според него загадениот зводух убива по околу 2800 жители годишно во земјава.