Вечерва близу Битола во сообраќајка загина млада жена, малолетно дете е тешко повредено


Според информации на Centar.mk, во 16.20 часот во полицијата пријавено било дека на регионалниот пат Битола- Кичево кај местото викано “Бели мост” се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило марка “мерцедес” со демирхисарски регистарски ознаки управувано од лице (33) од село Белче, демирхисарско изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата од здобиените повреди починала на лице место сопатничката (25)од село Белче каде од страна на брзата помош е констатирано смрт, а кај малолетен сопатник кој е пренесен во Клиничката Болница Битола констатирани се тешки телесни повред, дознава Centar.mk.

Увидот е извршен од страна на увидната екипа на СВР Битола.

Back to top button
Close