Вечерва или утре еврејската секта ќе го напушти Куманово

Членовите на еврејска религиозна група Лев Тахор, кои од четвртокот престојуваа во населбата Зелен Рид во Куманово, се подготвуваат да го напуштат градот вечерва или најдоцна утре, објави „Куманово њуз“, повикувајќи се на полициски извори.

 

 

Присуството на членовите на сектата предизвика своевидна хистерија во Куманово, врз куќите каде беа сместени припадниците на групата беа фрлани јајца и камења, а искршена беше и една од капиите, како што денеска јави телевизија Телма:

Околу целиот случај вчера се огласи и полицијата, која ги повика граѓаните на толерантност и соопшти дека членовите на сектата престојуваат во земјава со валидни документи, како и дека во следните денови тие ќе го напуштат Куманово и Македонија.

Back to top button
Close