Вечерва изби шумски пожар над Битола
Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево.
Во изјава за МИА, командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски истакна дека екипи на ТППЕ-Битола се на терен за да го изгаснат или локализираат пожарот.
-Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме се од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран, изјави за МИА, командирот Тодоровски.Вечерва, нешто по 21.30 часот изби шумски пожар над Битола, лоциран во атарот на селата Лавци и Смолево.
Во изјава за МИА, командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски истакна дека екипи на ТППЕ-Битола се на терен за да го изгаснат или локализираат пожарот.
-Веднаш по дојавата за шумски пожар, на терен испративме три екипи. Теренот е непристапен, но ќе дадеме се од себе за пожарот да биде изгаснат или локализиран, изјави за МИА, командирот Тодоровски.