Вечерва протест пред БНТ поради „првата отстапка на Софија кон Скопје“, се бара и оставка од министерот за култура

Сношти македонски медиуми триумфално известуваа за „првата отстапка од Софија за Скопје”, за тоа дека новата власт во Бугарија го симнала од програмата најавениот документарен филм во кој се прикажани интервјуа и документи за масовното истребување на Бугарите од страна на југословенските власти во Македонија, пишува во најавата за протестот Правнукот на Кузман Шапкарев, Љубомир Талев, близок соработник на ексшефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, вели дека слично сценарио во Бугарија се случило и пред седум децении кога во Софија доаѓал Јосип Броз Тито

Информацијата на „360степени“ дека Бугарската национална телевизија (БНТ) вчеравечер неочекувано од својата програма го повлече најавениот документарен филм „Само затоа што беа Бугари“ предизвика многу коментари и критики насочени кон директорот на БНТ, Емил Кошлуков, и кон бугарската влада.

Контекстот е врамен на начин што однесувањето на БНТ и на владата се третира како „предавничко“, а на фејсбук-групата „Борба против македонизмот“ за вечерва е закажан протест пред БНТ и се апелира за помасовно присуство. „Сношти македонски медиуми триумфално известуваа за „првата отстапка од Софија за Скопје”, за тоа дека новата власт во Бугарија го симнала од програмата најавениот документарен филм во кој се прикажани интервјуа и документи за масовното истребување на Бугарите од страна на југословенските власти во Македонија.

Очигледно под притисок на новата власт. Ова е уште еден јасен сигнал дека владејачката партија се подготвува да изврши едно од најголемите национални предавства во нашата нова историја – историски компромис со нашите национални интереси во Македонија.

По тој повод ги повикуваме сите граѓани патриоти на протест вечерва во 18 часот пред БНТ. Ги повикуваме сите што имаат можност да дојдат за да им покажеме на властите дека ако си дозволат да ги предадат нашите национални интереси ќе бидат збришани од народното незадоволство. За време на протестот пред зградата на БНТ ќе го емитуваме филмот ‘Само затоа што беа Бугари’, кој беше отстранет од програмата на БНТ“, пишува во најавата за протестот.

Реагираа и голем број јавни личности. Пратеникот на ГЕРБ, Тома Биков, смета дека ако историските факти што ги акцентира филмот се проблем за актуелната власт во Република Северна Македонија, тоа значи дека земјата е далеку од тоа дека воопшто е подготвена за преговори за членството во ЕУ.

„Ако некој мисли дека односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија може да се набљудуваат само низ призмата на трговијата и на податоците за размена на стоките меѓу двете земји како единствен израз, тоа значи дека нему не му е јасен ниту контекстот на тие односи ниту, пак, нивната генеза, тој не е е свесен ниту за проблемот ниту за неговото решавање. Ако бугарскиот премиер е личност која дели вакво површно гледиште, тоа значи дека наскоро ќе капитулираме на најпонижувачки начин за нас.

Спорот меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не е комерцијален туку политички. Политичките спорови не можат да се решат со помош на трговија ниту со заеднички разговор. Тие не можат да се решат ниту со игнорирање на минатото, затоа што минатото е веќе факт. Обидот да се вметнат бугарско-македонските односи само во контекст на сегашноста може да ги лиши од минатото, но и ќе ги лиши од иднината“, пишува Биков на својот фејсбук-профил. За историчарот Петар Стојанович отстранувањето на филмот од програмската шема на БНТ во име на дипломатијата е срамен и понижувачки чин, акт на нихилизам и национално предавство, невидено и нечуено во поновата бугарска историја.

Целиот текст на 360 степени

Back to top button
Close