Вечерва се спушта завесата на Бич филм фестивал
Вечерва, на просторот од плажата кај некогашното синдикално одморалиште (хотелот “Орце Николов”), со проекцијата на филмот “Те дуа, жими мене” и доделувањето на наградите во двете категории, завршува традиционалната, мегународна, летна манифестација, седмиот по ред, “БИЧ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ – смотра на новиот европски филм.
Најдобрите опстварувања ќе се закитат ао наградата „Голем бран“ – за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ – за најдобро актерско остварување
Во главната програма, беа прикажани шест (6) долгометражни европски филмови и тоа: Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.
Покрај главната програма, на фестивалот, беа прикажани и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и дела од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов.
Во старото градско јадро, на локацијата на “Плажа -Сараиште”, се одржаа бројни проекции на филмови за деца , студентски филмови и кусометражни филмови од официјалната селекција, додека во Младински културен центар., одржани се неколку едукативните работилници.
За музичката програма се погрижија бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо SIZ, така што имаше забава за сите, а гледалиштата беа преполни,.
За учесниците – режисери и актери, како и за публиката, посебна атракција беа трите проекции, исто така од натпреварувачка програма, на бродот „Армада“, на водите од Охридското Езеро.
Синоќа, до длабоко во ноќта, разгалена од ладното стрмче, публиката, која до последно место ја исполни палубата на бродот Армада, го проследи филмот ЦРВЕНО НЕБО, германски филм во режија на Кристијан Пецолд. Главни улоги: Томас Шуберт , Пола Бир , Лангстон Уибел , Ено Требс , Матијас Брант…
Љубителите на седмата уметност имаа убава можност да видат еден прекрасен филм од најновата продукција на Германија пловејќи со брод по езерските води обоени со месечевата светлина. Филмот е дел од годинешната натпреварувачка програма на фестивалот.
Приказната на филмот се фокусира на четири лица кои се заробени во нивната викендичка на Балтичкото Море поради неконтролирани шумски пожари.Главниот лик во филмот е еден млад писател кој работи на својот најнов роман и за таа цел заедно со својот пријател одат во една викендичка каде би требало во мир и во релаксирана атмосфера да го напише своето најново дело кое наскоро треба да го види неговиот издавач. Но , наместо мир тој таму ќе доживее средба со своите вистини кои ги потиснувал во себе (човечки , љубовни , творечки…). Кога пак над нивната викендичка ќе се надвисне и шумскиот пожар кој беснее во нивната близина , притисокот е уште поголем а вистината уште посурова.
Филмот ја освои Големата награда на жирито Сребрена мечка на 73. Меѓународен филмски фестивал во Берлин , каде што ја имаше својата светска премиера на 22 февруари 2023 година . Во 2023 година, беше вклучен во потесниот избор како германски преставник за Оскар за најдобар меѓународен игран филм за 96-тото доделување на Оскарите.
Треба да се спомене дека филмот преставува дел од планираната триологија на Пецолд која е инспипирана од класичните елементи на водата, земјата, огнот и воздухот. Неговиот прв филм од оваа триологија е „Ундине“ од 2020 , кој преставува приказна за една водена нимфа, а неговиот втор филм е „Црвено небо“ , кој беше реализиран во 2022 година.