Вечерва во 19 часот нов протест пред Владата- „Ултиматум – НЕ благодарам”.

Вечерва со почеток од 19:00 часот нов протест пред Владата на Република Македонија најавија од „Ултиматум – НЕ благодарам”.

Тие ги повикаа граѓаните уште помасовно и погласно да го искажат својот револт против францускиот предлог со кој се прифаќаат сите бугарските услови.

Вчера во истиот термин пред Владата се одржа голем протест под мотото „Ултиматум – Не, благодарам” против прифаќањето на овој предлог предводен од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, којшто беше поддржан и од други политички партии, граѓански организации и јавни личности кои сметаат дека предлогот од Франција е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

На протестот беа кажани пораки против францускиот предлог, се апелираше тој да не се потпишува, а беа упатени и барања за оставки.

Беше повикана Владата да не го потпишува предлогот со порака „Македонија е се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме”.

Помал протест на група граѓани се одржа и во петокот откако Владата на својата официјална страница го објави францускиот предлог.

Back to top button
Close