Велешанец –измамник (67) „позајмил“ 4 илјади евра од неготинчанец (76) за „да покаже дека еврото е важечка валута“, па не му ги вратил!
ОВР Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против 67-годишен велешанец, осомничен за кривично дело „измама“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 19 февруари годинава во Неготино, кога пријавениот побарал од 76-годишен неготинец сума од 4.000 евра, со образложение дека треба да му ги покаже на друго лице за да докаже дека еврото е важечка валута во земјава. Откако ги зел парите, осомничениот не му ги вратил на оштетениот.
По преземени мерки од страна на полицијата, тој бил пронајден и лишен од слобода. Во службен разговор во полициска станица го признал делото, а било извршено и препознавање од страна на оштетениот. Против него е поднесена соодветна кривична пријава.






