Велешанец на возраст од 52 години праќал голи фотографии на малолетничка

 

Вчера во 10.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.Б.(52) од Велес. Тој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје пуштал фотографии со експлицитна содржина.

„Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Back to top button
Close