Велешанец почина од ковид-19, продолжува трендот на намалување на хоспитализирани во велешката болница

Велешанец на 67-годишна возраст, кој имал потврден позитивен тест на коронавирус, почина синоќа околу 21 часот во велешката болница. Тој е 65 жртва на коронавирус во Велес од почетокот на пандемијата.

Во меѓувреме, продолжува трендот на намалување на бројот на пациенти со ковид-19 во болницата во Велес. Оттаму денеска информираат дека вкупно 63 пациенти се хоспитализирани на трите одделенија, што е за двајца помалку од вчера. Од нив, 55 имаат потврдени позитивни тестови, тројца се сомнителни и петмина пациенти имаат негативни тестови. Кислородна поддршка добиваат 22 пациенти. На инфективното оддечение денеска има 45 пациенти, на одделението за физикална терапија 13, а на интерното одделение, поради коронавирус се лекуваат пет пациенти.

Back to top button
Close