Велешанец се заканил дека ќе убие сопственик на месарница и две други лица

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице, кое на 12 април пред месарница во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, кои ги навредувал и се заканувал дека ќе ги убие.

 

Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и забрана за приближување односно воспоставување и одржување контакти или врски со определени лица, осомничениот ваквото судско Решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и започнал да му се заканува, соопштија од ОЈО Велес.

Бидејќи постои опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги почитувал, јавниот обвинител му предложи на Основниот суд во Велес да ги укине мерките и на осомничениот да му определи мерка притвор. Судот го прифати предлогот и на осомниченото лице му определи притвор.​​

Back to top button
Close