Велешани ја почитуваат забраната за посета на гробиштата

Велешани ја почитуваат забраната за посета на гробиштата, но и ги послушаа советите од здравствените власти и надлежните институции да нема собири во и пред црквите.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, кој беше еден од оние кои вчера повикаа да се почитуваат мерките, денеска на својата фејсбук страница им се заблагодари на велешани за дисциплинираноста.

„Кога има разбирање, се е лесно остварливо. Упатувам јавна пофалба и благодарност до сите граѓанки и граѓани на Велес за почитувањето на препораките и забраната за посета на гробиштата. Им благодарам на МВР и на ЈКП Дервен за добрата организација. Очекувам така да биде и во сабота и недела. Здравјето е поважно од се“, напиша Коцевски.

Поради зголемениот број заразени од коронавирус во последните денови, власите повторно воведоa рестрикции, но и забранија посата на гробиштата за време на викендот, кога православните христијани го одбележуваат празникот Задушница (Духовден).

Наспроти ова, Повардарската епархија преку соопштение вчера ги повика верниците на масовен собир во дворовите на црквите и на литургија. Поради ова, велешкото обвинителство отвори предмет за повиците на епархијата, нспроти забраната за масовни собири.

извор: Батали.нет

Back to top button
Close